Дарко Петковски е нов член на Советот на општина Куманово

Дарко Петковски – Спејко од денеска е нов член на Советот на Општина Куманово.

– Верификационата комисија на Советот на oпштина Куманово го разгледа уверението за избраниот советник Дарко Петковски од советничката листа група избирачи предводена од Ивана Ѓорѓиевска и утврди дека советникот има уредно уверение за неговиот избор. Врз основа на тоа, верификационата комисија предлага Советот да изврши верификација на неговиот мандат, рече Лидија Костиќ, претседател на комисијата. Неговото пристапување денеска едногласно го изгласаа останатите членови, а тој доаѓа на функцијата откако Николај Павловски од независната листа советници „За наше Куманово“ претходно поднесе оставка поради доусовршување на своето високо образование во Русија. Со читање на свечената изјава, Петковски официјално стана дел од Советот на Општина Куманово.

Мартин Захариев од коалицијата предводена од СДСМ денеска поднесе оставка од функцијата член на Совет на општина Куманово. Причина за неговата оставка е вработување во странство.

– Комисијата за мандатни прашања ја разгледа оставката поради вработување во странство и му предлагам на Советот да ја прифати одлуката за престанок на мандат на член на Совет на општина Куманово, рече претседателот на Комисијата за мандатни прашања и именувања, Дарко Митевски. Според листата кандидати за член на Совет од коалицијата на СДСМ од локалните избори во 2021 година, на местото на Захариев треба да влезе Миле Андоновски од Партијата на пензионерите.

Коментари

коментар(и)