Два сребрени медали за кумановските кик-боксери

Кумановските кик боксери од клубот Куманово 2006, Лука Велковски и Александар Стоилковиќ освоија сребрен медал на Балканското првенство кое изминатиот викенд се одржа во Скопје. Во сениорската конкуренција настапи Јован Димковски кој загуби во четвртфинале, но прикажал добра борба. Станува збор за квалитетно првенство во кое учествуваа над 200 натпреварувачи од осум држави. Како тренер со оглед на конкуренцијата сум презадоволен од резултатот и очекуваме настапи и успеси и во иднинаизјави Сашо Илиевски, тренер на Кик-бокс клубот Куманово 2006.

Коментари

коментар(и)