Две кумановки се повредени откако возило излета од пат на релацијата Куманово – Табановце
Секорот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчеравечер околу 21.50 часот е пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 21-годишна кумановка, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 22 -годишна кумановка, додека со телесни повреди возачот, констатирани во Општа болница Куманово, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.