Дебата за мултиетничка интреграција на младите

Основци и средношколци од Куманово денеска дебатираа на тема „Младите интегрирано делуваат локално “ во рамките на проектот на УСАИД „Мултиетничка интеграција на младите во образованието “. Пилот проектот кој стартуваше денеска го реализира Македонски центар за граѓанско општество со проектниот парнер Младински образовен форум. Целта е преку младинските дебати да се разговара на различни теми, да им се даде можност да младите да се слушне нивниот глас и евентуално да се придонесе кон некакви промени во зеадницата, во општеството.

– Во наредните години доста ќе ги вклучуваме младите во насока  да ги направиме одговорни граѓани, тоа значи дека колку што ќе им даваме можност на младите да го слушнеме нивниот глас толку тие ќе станат и поодговорни , дали е тоа во однос на нивната потесна заедница, нивното соседство, меѓутоа и во рамките на општината.  Токму овие дебати кои што ги организираме се во насока да дискутираме за многу прашања, и за вклучување на родителите, општината како главен фактор, самото училиште, наставниците итн, изјави Џевахире Пруси Зајази , координатор на проектот

-Младински образовен форум е здружение на граѓани кое што е партнер организација на МЦГО и ова е првата дебата која што почнува во циклусот од девет општини- девет дебати. Ние како организација веруваме дека токму ваквите дебати кои што им овозможуваат на младите средношколци и основци од Македонија да разменуваат ставови и различни мислења и да ги студираат своите идеи на еден организиран и аргументиран начин придонесува до зајакнување на демократските вредности и зајакнување на критичките размислувања како и граѓанските принципи кои што ќе ги имаат овие млади луѓе во иднина и токму затоа одбравме дека ваквиот формат на размена на ставови наречен дебата ќе доведе до поголема толеранција и поголемо разбирање помеѓу себе бидејќи на крајот на денот младите луѓе заслужуваат да имаат простор кој што ќе го искористат за да ги разменат своите идеи , да најдат решение за своите проблеми и сето тоа дека ќе води до едно поубаво општество, изјави Дејан Ризински, проект координатор

Домаќин на првата дебата меѓу основците и средношколците од различни етнички зеадници од сите училишта во градот  беше средното стручно училиште „Перо Наков“ , а пред присутните се обратија раководителот на Секторот за образование Жика Крстевски и директорката Мила Жибак.

Проектот „ Мултиетничка интеграција на младите во образование “ ќе се имплементира во вкупно девет пилот општини.

Коментари

коментар(и)