Девет интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Кумановските пожарникари во изминатото деноноќие интервенирале на девет локации во кумановско – липковскиот регион.

Опожарена сува трева пожарникарите гаснеле во село Пчиња, на локацијата наречена Циглана – Ново Куманово, во Агино село, Ваксинце, Черкезе и Романовце.

На улицата „11 Октомври“, екипа на ТППЕ Куманово интервенирала на три опожарени контејнери со отпад.

Во Агино село, освен сува трева, опожарен бил и покрив на викенд-куќичка, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

 

Коментари

коментар(и)