Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и дел од советничките се сретнаа со претставници на проектот „Национална платформа за женско претприемништво”, кофинансиран од Европската Унија, кој го спроведуваат Здружението на бизнис жени во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Целта на состанокот е детално запознавање со компонентите на проектот, како и заедничко планирање и иницијални технички подготовки за претстојни активности. Проектот се залага за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, со цел застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена Платформа, која ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. Согласно Декларацијата ќе се обезбеди системска поддршка за развој на женско претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој. Ќе бидат промовирани квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, со цел зајакнување на женското претприемништво и придонес за зголемување на видливоста и опфатот на Платформата преку активно промовирање на позитивни примери за овозможување родова еднаквост.

Коментари

коментар(и)