За делегации на фолклорни уметници од ансамблите кои учествуваат на овогодинешното издание на Меѓународниот фолклорен фестивал денеска имаше организиран прием во општина Куманово.
„Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во срдечна атмосфера примија на традиционалната фестивалска манифестација. Низ пријателски разговор беа истакнати позитивните одлики на ваквите културно – уметнички собири, каде се претставуваат традицијата и националните обележја на земјите учеснички. Оваа година, пред публиката се претставија фолклорни друштва од Македонија, Србија, Романија, Полска и Мексико“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.
