Делови од Куманово утре ќе останат без електрична енергија

Делови на Куманово утре во одреден период од денот ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.

Според Регионалниот центар за управување со кризи од 07 часот изутрина без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од населбата Јане Сандански, градските гробишта, населбата Зелен рид, како и индустриските капацитети „Куљар“, „Махагони“, „Финланд“, „Топ Спин“, „Кејп Поинт“, „Екстра Меин“, „Џино“, „Брзи Комерц“ и „Оли Оникс“.

Од 07.30 до 08.00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Доброшане и дел од тамошната индустриска зона, сооптија од РЦУК.

Коментари

коментар(и)