Дел од кумановските средношколци ја бојкотираат наставата

– Бојкотот на наставата од страна на средношколците продолжува и затоа бараме од Министерството за образование и наука да го слушне нашиот глас. Бараме создавање услови на враќање на средношколците во училишните клупи и откинување од концептот за дигитализација на образованието кое што е предвидено сега. Сметаме дека образованието има посериозни проблеми како немање на материјални услови и немање на елемантарни услови за настава во одредени региони во земјава. Исто така неопремени лаборатории како и проблеми во практичната настава. Сметаме дека покрај финансиските издатоци на родителите и предвидување на дигитализацијата на образованието ќе донесе штета по здравјето на учениците. Бараме поддршка и од нашите родители кои помагаат во спречување на влошувањето на состојбата во образованието. Се надевам дека нема да дојде до таков исход, изјави Богдана Механджиска, претставник на „Средношколски глас“.

Коментари

коментар(и)