Православните верници според Јулијанскиот календар денеска го празнуваат Свети Јован Крстител.
Денот се празнува како домашна слава, но и како именден. Во црквите се служи литургија, се сече колач.
Јован Крстител или Јован Претеча, важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според Евангелието по Лука и човекот што го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен. Најголеми слави повразани со овој светец се Иванден (раѓањето) Отсечение (обезглавувањето).
Фрлањето на крст во реките, езерата, базените е еден од обичаите кој остана да се практикува кај нас по повод Богојавление – Водици.
Вчера традиционално, по крст се скокаше на неколку локации во градот и кумановско.