„Денови на медот“ од утре на градскиот плоштад

Во организација на пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово наредните три дена на градскиот плоштад ќе се одржи традиционалната манифестација „ Денови на медот“ со рекорден број на учесници – 30. Од нив, 27 пчелари се од Куманово, еден штанд на ДСУ „ Киро Бурназ“ и двајца излагачи од Скопје и од Штип, кои што всушност се членови на здружението „Пчела“.

-Годинава новина е во тоа што сите излагачи ќе настапат со единствена етикета Кумановски мед. Покрај тоа што ќе пишува Кумановски мед , на секоја етикета на секој излагач ќе има име и презиме, од каде доаѓа медот, со редни броеви на одгледувалишта на пчеларниците, како и со број од Агенцијата за храна и ветеринарство. За тоа морам да искажам голема благодарност до Општина Куманово која ни излезе в пресрет и ја потпомогна целата манифестација која се одржува по 24-ти пат во Куманово. Се надеваме на огромна посетеност поради тоа што нашата основна цел е да граѓаните ги запознаеме со вистинските пчелари, со пчелари кои што реално работат со пчели и каде што ќе можат да си набават мед и останати пчелни производи  и полека да ставаме крај на фалсификуваниот мед кој се повеќе го имаме во нашите маркети, мед од непроверено потекло, изјави Бобан Стошевски, претседател на ПЗ „Пчела“ Куманово