Дефект поплави дел од булеварот „Октомвриска револуција“

Голем дефект на водоводна мрежа денеска поплави еден дел од булеварот „Октомвриска револуција“. Поради дефектот, екипи на ЈП „Водовод“ ја затворија водата од почеток на „Октомвриска револуција“ до реонскиот пазар. Според надлежните, едниот дефект на цевка Ф-100 е изолиран на тротоар пред поранешната Стопанска банка, а вториот дефект на крстосницата во близина на ординацијата на д-р Ѓоше, на цевка Ф-300. На овој дел на „Октомвриска револуција„ цел ден ќе нема вода. Ангажирани се сите расположливи екипи и ќе се работи цел ден и ноќ. Надлежните потенцираат дека полицијата е известена, затворена е по една сообраќајна лента од двете страни, а обезбеден е и сол за да се фрла преку ноќ да не подмрзне коловозот.

Коментари

коментар(и)