Во СТАВ вечерва гостува психологот Дивна Јанкова, претседател на здружението на граѓани „Доверба“.
Таа ќе говори за активностите во рамките на проектот „Неми сведоци“ чија цел е да се придонесе за намалување на различните форми на насилство кај младите, за Центрите за поддршка на учениците отворени во училиштата, за „Трката за мир“.
Во реализацијата на проектот кој финансиски е поддржан од Екуменска иницијатива жена од Хрватска вклучени се ученици со мешан етнички состав од четири средни училишта.