Димитриевски: ВМРО ДПМНЕ ги злоупотребува бранителите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ја поддржува иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за изградба на Спомен обележје во чест на загинатите бранители во населбата Тоде Мендол на деветти и десетти мај, но смета дека опозициската партија ги злоупотребува имињата на хероите  кои својот живот го дадоа за Македонија во политички цели. „Сметам дека треба да има спомен обележје на бранителите во нашата општина како што има  спомен обележја на територијата на целата држава “ , изјави Димитриевски одговарајќи на новинарско прашање , на последната еколошка акција .

-Ја слушнав оваа иницијатива, но искрено да ви кажам немам видено поголемо политичко лицемерие од тоа однесување, не само на советниците на ВМРО ДПМНЕ, туку на целото раководство на ВМРО ДПМНЕ.  Тие едноставно треба да излезат во јавноста и да му објаснат на народот што од позиција на власт дозволија на 09 –ти и 10-ти мај пред три години да ни се случи и да излезат и да објаснат кој тоа беше во нивно време и сценарист и режисерот и зошто тие за кои што ние треба да подигаме споменик сега всушност беа пуштени да служат како диво месо на поединци во одредени акции кои што резултираа на крај со загуба на осум човечки животи и политичкото лицемерие оди до таа форма да се злоупотребуваат  имињата на овие херои на Македонија во политички цели и ситни политички интереси, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

На одбележувањето на годишнината од антитерористичката акција,  освен што беше најавено дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ на наредната седница на советот ќе предложи подигање  спомен обележје, групата бранители кои што ја организираа панихидата побараа 09-ти мај да биде прогласен за Ден на бранителите на РМ.

-Во  однос на иницијативата за прогласување на датумот , тоа се надлежности од централно ниво на власта  и секако дека немам ништо против, но ќе се произнесат надлежните органи кај што ќе биде поднесена таа иницијатива, изјави Димитриевски.

„Некој го слави 09-ти  мај како Ден на победа над фашизмот, некој го слави како Ден на Европа, ние бранителите ќе направиме Конвенција на бранители на која ќе предложиме самите овој ден да биде Ден на бранителите на РМ кој ќе се одбележува пред споменикот на бранителите во Скопје“, изјави минатата недела,  бранителот Предраг Петрушевски.

Коментари

коментар(и)