Димитриевски: Куманово е една од општините со најпозитивен биланс

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ потенцираше дека Куманово од трета најзадолжена општина во државата, денеска е меѓу општините со најпозитивен биланс.

„Ако пред четири години Куманово беше третата најзадолжена општина во државата, прва беше Охрид, втора Тетово, а третото место го делевме со општина Карпош и должевме некаде над 11 милиони евра, успеавме за 4 години да ги вратиме сите тие средства, најголем дел од сопствени
приходи. Во овој момент, Куманово има 214.309.864 денари или тоа се некаде отприлика 3ипол милиони евра. Сите обврски кон добавувачите ни се платени. Со овие средства, планираме да ги платиме следните инвестиции согласно капиталната развојна програма на општината. Многупати ме прашуваат како го постигнавте тоа – благодарејќи на мојот тим и секако на лојалноста на граѓаните коишто свесно и ревносно ги плаќаат своите обврски кон општината. Ја намаливме потрошувачката, а ја зголемивме брзината, Куманово е една од најпозитивните општини во моментов со најпозитивен биланс“, изјави Димитриевски.

Коментари

коментар(и)