Димитриевски на средба со шведската амбасадорка

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава Ами Ларсон Јаим во придружба на првиот секретар заменик шеф на мисијата Биби Грамсон.

„Согласно со приоритетите на двете страни, на средбата беа потврдени добрите односи, кои се карактеризираат со пријателска соработка и се значајни за остварување на стратешките цели. Партнерските односи ќе се спроведат преку реални проекти во областите од взаемен интерес, со цел просперитет и подобар животен стандард на граѓаните“, изјави Димитриевски.

Коментари

коментар(и)