Градоначалникот денес беше во посета на Општата Болница Куманово, од каде им се заблагодари на здравствените работници за нивната неуморна работа, од негово како и од името на граѓаните на нашиот град. Исто така, истакна дека соработката помеѓу Општината и Болницата е на високо ниво, и како еден од поуспешните заеднички проекти кои ги направиле е всушност и модуларната ковид болница. Во иднина се очекува и целосна гасификација на болницата.