Димитриевски: Целосно ќе се реконструира градскиот парк

„Започнуваме со целосна реконструкција на градскиот парк. Куманово ќе добие нов простор за спорт и рекреација како што доликува на еден модерен и урбан град, со нови пешачки патеки, нови смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче, простор за домашни миленици, нов спортски терен, нова фонтана, нов паркинг простор и платформа за одржување настани на отворено“, објави на својот ФБ профил, градоначалникот Максим Димитриевски.

„Со друг проект е предвидена целосна реконструкција на улицата „Братство и единство“ со тротоари, а се подготвува и дополнително нејзино поврзување со булеварот „Октомвриска Револуција“, напиша Димитриевски.

Коментари

коментар(и)