Димитриевски: Ќе најдеме начин, доколку немаме поддршка од министерството, ќе изградиме ново училиште „Сами Фрашери“

Во новиот мандат доколку продолжи да не игнорира Министерството за образование и наука, ние сами со поддршка на граѓаните, родителите ќе најдеме начин и ќе изградиме ново училиште „Сами Фрашери“, истакна независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Тој истакна дека со ова училиште повеќе нема политички да се манипулира. Нагласи дека веќе јавното претпријатие Куманово план изработува идеен проект за изградба на училиштето, а дополнително бил изработен и детален урбанистички план. Една од можните локации е во пранешната касарна Христијан  Тодоровски Карпош.

-По добивање на изборите во недела заедно со новото мнозинство во Советот кое ќе го сочуваат членовите на советничката група За наше Куманово, членови на Алтернатива и Алијанса, ќе седнеме во соработка со претставниците на родителите на учениците и управните органи ќе дискутираме и ќе одлучиме каде ќе биде новата локација на училиштето, а дополнително ќе го доработиме овој проект целосно во градежен проект во буџетот за 2022 и 2023 година. Ќе предвидиме почетни средства за инвестиција и со сопствени средства општина Куманово ќе влезе во оваа инвестиција и трајно да го реши овој проблем. Доколку ресторното министерство продолжи да не игнорира и не дозволува да се дадат наменските средства во форма на капитални инвестици ние ќе побараме помош и од граѓаните и ако е потребно ова училиште ќе го изградиме и со месен самопридонес на сите граѓани без оглед дали се етнички Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи-рече Димитриевски.

Тој ги праша политичките опоненти зошто сите досегашни министри за образование и наука, исклучувајќи ја само Рената Треневска Дескоска,  не издвоиле средства за изградба на ова училиште.