Димитриевски: 2023 планираме да ја почнеме со бесплатен превоз за сите кумановци

„Во 2023 година очекуваме голем број на промени во Куманово, но, дополнително планираме и активности за 2024 и 2025 година, во рамки на развојната компонента на буџетот. 2023 година планираме да ја отпочнеме со бесплатен превоз за сите кумановчани во време не енергетската криза, бидејќи ние тоа треба да им го понудиме на граѓаните“, најави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Димитриевски потенцираше дека граѓаните плаќаат дневна карта од 35 до 110 денари во зависност од која релација и тоа се доста високи средства.

„Ќе го буџетираме и тоа со скромни субвенции кон вршителите на јавниот превоз и изнајдовме заеднички начин како да го субвенционираме и сакаме да го ставиме веќе од почетокот на годината или некаде од 10-ти јануари во функција за сите кумановци во следниот период, во период на енергетска криза да користат бесплатен превоз. Што ќе добиеме? Ќе добиеме помал метеж во центарот на градот, дополнително економски бенефит за секое семејство, ќе субвенционираме 40 денари по километар на секој од превозниците, тие се задоволни со тие средства, излегуваат дел и они во пресрет на граѓаните и на градот. И дополнително, средствата кои ги имаме по однов на превоз на ученици и тоа ќе биде еден финансиски пакет со којшто ќе го затвориме тоа, а дополнително изградба или целосна реконструкција на новиот плоштад пред Домот на културата во градот и изградба на голем број на улици, бетонирање на голем број на улици, нова канализациона мрежа итн“, рече Димитриевски.

Коментари

коментар(и)