Дијабетичари ќе донираат за поплавените

Околу 2.000 дијабетичари од Куманово користат  инсулинска терапија. Претседателот на здружението на дијабетичари Стефан Јовановски денеска ги повика членовите наредните неколку денови да донираат дел од својата месечна терапија за граѓаните во поплавените подрачја. Сите заинтересирани граѓани за оваа хуманитарна акција во организација на здружението својата помош може да ја достават во амбулантата за дијабетес во општата болница. Собирањето на помошта ќе трае до вторник.

– Дојдов до идеја како дијабетичар од мојата скромна залиха што ја имам како инсулинска терапја да донирам целокупна месечна доза за сите дијабетичари што се зафатени со поплавата. Сакам да апелирам до сите дијабетичари во Куманово кои се исклучиво  на инсулинска терапија околу 2.000 пациенти барем една десетинка или петинка или барем пет проценти од дијабетичарите да донираат по едно пенкало ќе биде сосема доволно за да оние кои што го имаат изгубено инсулинот или е неупотреблив инсулинот. Се надевам деке ќе собереме и ленти и да направиме вонредна хуманитарна акција во вторник во загрозеното подрачје, мерење на шеќер каде што ќе се утврди дека има недостаток на инсулин и да ги донираме собраните количини, изјави Стефан Јовановски, претседател на Здружение на дијабетичари

Јовановски објасни  и како дошол до залиха од инсулинска терапија.

-Во смисла на тоа да не сомнева дека јас како претседател на здружение сум створил некоја залиха од инсулинска терапија во време кога немаше ни за лек инсулинска терапија сакам посебно да потенцирам дека најверојатно јас дијабетесот сум го наследил од мојата мајка која последните две години од нејзиниот живот го заврши на дијализа. Таа  кога одеше на дијализа три пати неделно не примаше  инсулинска терапија дома и тогаш создадовме една залиха, изјави Јовановски

Од здружението посочуваат дека проблемот во врска со ненавремената  дистрибуција на инсулинот  кој се провлекуваше изминативе месеци, веќе е надминат.

Инаку, на подрачјето на Куманово има 500 новоевидентирани дијабетичари со што бројката стигна до 7.000 евидентирани граѓани заболени од дијабет. Јовановски смета дека тоа е резултат на активностите на здружението како што се мерење на шеќерот во крвта и честите предавања и едукација на граѓаните за дијабетот како болест. Новоевидентираните  не се новозаболени, потенцира Јовановски. Според статистичките податоци околу 10 проценти од населението од кумановскиот регион се заболени од дијабетес поради фактот што станува збор за регион каде што граѓаните се изложени на стрес од економски, политички и безбедносен аспект.

Коментари

коментар(и)