Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи ги издвојуваме следните настани:
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 26-годишен кумановец, соопштија надлежните. Според полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „екол“ и куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 22.09.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 56-годишен жител на кумановското село Биљановце затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга, соопшти полицијата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 23.09.2026 во 02:05 часот во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријави дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер, соопштија надлежните. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 22.09.2026 во периодот од 16:45 до 17:00 часот, врз претходно изготвен план, полициски службеници од ОВР Крива Паланка во село Гиновце, кривопаланечко, пронашле 67 корени со различна големина од растението канабис, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.