Полициски службеници вчеравечер лишиле од слобода 35-годишен кумановец кој се сомничи дека од 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом.
– При приведувањето, кај него биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, соопштија од СВР Куманово.
Тој е задржан во полициска станица и, како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.05.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово физички ја нападнал 16-годишната ќерка на неговата вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Вчера полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 30-годишна кумановка бидејќи управувала мопед со кумановски регистарски ознаки, без положен возачки испит.
– По насоки на јавен обвинител таа била приведена во полициска станица, а мопедот бил одземен. По целосно документирање на случајот против кумановката ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.