Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ денеска одбележува 69 години постоење и успешно функционирање.
„Покрај основната дејност на Домот за стари лица, која се состои од институционално згрижување, со овозможување на целосна грижа, здравствена заштита и комплетна социјална поддршка, мисија на Управата на Домот е подигнување на квалитетот на пружањето на услугите на сместените лица со оплеменување на нивниот простор за живеење, како и посебен акцент на преземање на што повеќе активности со цел попријатно и порелаксирано, а пред се активно стареење“, велат надлежните.
МИСИЈА – „Одиме напред кон создавање на што подобри услови за живеење на корисниците. Да им подариме љубов,насмевка и разбирање и да им го олесниме товарот што годините им го напластиле на нивните не јаки плеќи. Заедно можеме уште многу да допринесеме да ја оплемениме,успокоиме и да дадеме достоинство и почит на третото доба…која тие ја заслужуваат“.
ВИЗИЈА- „Успешни понатамошни чекори кон развивање на вониституционална заштита со подршка и од другите организации за спроведување на грижа и помош на старите лица во домашни услови“.