Претставници од Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, предводени од командант Билбил Битри деновиве ја посетија детската градинка и потпишаа протокол за примопредавање со директорката на ЈОУДГ „Ангел Шајче”, Ивана Николиќ.
Донацијата се состои од четири одвлажнувачи на воздух, детска лизгалка и канцелариски материјал.
Во знак на благодарност за хуманиот гест, децата и персоналот од објектот „Развигорче”, со песнички и рецитал ги пречекаа гостите -донатори.
Донација за градинката „Ангел Шајче“ од SEEBRIG
