ВИДЕО: Панел-дискусија од кампањата „Магијата е во знаењето“ во Куманово

Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето” на Министерството за образование и наука на РСМ, вчера во Занаетчиски дом се одржа панел -дискусија со цел да ја истакне улогата на наставниците во современото образование и нивниот придонес во развојот на учениците и заедницата.

Панел-дискусијата беше во организација на Секторот за образование од Општина Куманово.
Според државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска образованието мора да се движи напред со духот на времето.

„Наместо да се фокусираме само на бројките во дневникот, треба да се фокусираме на тоа што ученикот навистина научил, што разбрал и како го применува тоа знаење. Нашата цел е надградба и зајакнување на системот кој го вреднува трудот, напредокот и љубопитноста, затоа што тие се темелот на квалитетното образование и на иднината на нашето општество“, изјави Ивановска.

Наставничката по математика Даниела Стојановска од ООУ „Христијан Карпош“ се осврна на потребата училиштето да создава средина во која учениците слободно размислуваат, поставуваат прашања и развиваат критичко мислење, бидејќи токму тоа води кон вистинско и трајно знаење.

Според одделенската наставничка Хилда Димитриевска од ООУ „Крсте Мисирков“, поддршката и охрабрувањето се подеднакво важни како и самата оценка.