ДПМНЕ: Оштетен ѕид -опасност за учениците

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска побара да биде сменет директорот на основното училиште „Кочо Рацин“  бидејќи како што велат од партијата со својата негрижа ја загрозил безбедноста на учениците. Според  советничката Злата Божиновска, оштетниот ѕид пред главниот влез на училиштето, но и уништениот ѕид кај споредниот влез се опасности кои што ги демнат учениците секојдневно.

-Се прашуваме: Дали директорот на ова училиште сето ова го забележал? Што треба да се случи за да може и градоначалникот да види во каква состојба сенаоѓаат училиштата во Куманово и колку истите се безбедни за учениците? – изјави Злата Божиновска, ОК на ВМРО ДПМНЕ, Куманово

ВМРО ДПМНЕ го повикува градоначалникот зоран дамјановски веднаш да преземе мерки за решавање на проблемот. Според општинскиот комитет на партијата, тој е најодговорен бидејќи не направил ништо за безбденоста во училиштето.

Страшната глетка од пред училиштето Кочо Рацин е уште еден пример од многуте, кои што кажуваат дека на локалната власт предводена од градоначалникот воопшто не и грижа за проблемите во Куманово, потенцираше денеска советничката Божиновска на пресконференцијата одржана во близина на училиштето.

Коментари

коментар(и)