Духовна академија Св.Климент Охридски

Во Занаетчиски дом – Куманово ќе се одржи Духовна академија „Св.Климент Охридски во знак на претстојниот црковен празник, во организација на Фондацијата за спорт и култура, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.


На сцената ќе настапат црковниот хор „Св.Николај” од Свети Николе и оркестарот „Симфониум при СОУ Гимназија „Гоце Делчев – Куманово.  


Ликот и делото на Св.Климент Охридски ќе бидат претставени преку видео презентација.
Модератор на манифестацијата е Оливера Трајковска.

Коментари

коментар(и)