Ева Величковска и Кјара Ристиќ од „Толи Зордумис“ ќе учествуваат на државен натпревар по англиски јазик
Ева Величковска и Кјара Ристиќ од основното училиште „Толи Зордумис“ ќе учествуваат на државен натпревар по англиски јазик во мај годинава, по освојувањето на второ место на регионалниот натпревар што се одржа на 12 април. Домаќин на натпреварот по англиски јазик на ЕЛТАМ МК беше општинското основно училиште „Толи Зордумис“, исто како и на Општинскиот.
На регионалниот натпревар учествуваа 49 основци и 16 средношколци од Куманово, Липково, Кратово, Крива Паланка и Ранковце, заедно со нивните ментори. Локални координатори за натпреварите за овој регион се Милена Петковска, професорка по англиски јазик во ООУ „Толи Зордумис“ и Билјана Петровска, професорка по англиски јазик од ООУ „Христијан Карпош”.
Ева Величковска е 6-1 одделение, ментор Милена Петковска, а Кјара Ристиќ е 9-2 одделение, ментор Наталија Ивановиќ.