Еден случај на ковид -19 во Куманово, 96 во земјава

Регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19 во изминатото деноноќие, од кои еден случај во Куманово, информира министерството за здравство.

Регистрирани сe 177 оздравени пациенти, од нив од Куманово  се 5 лица.

Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.030, во Куманово 17.

Коментари

коментар(и)