Едукативен семинар за спортски тренери и педагози

Работа со млади категории (почетници), улога на тренерот во менаџирање на спортски клубови, специфичности и разлики во тренажниот процес со женски спортисти и споредба на условите за спорт  2010-та  и 2020-та  година се темите на кои што зборуваа едукатори од Куманово, на неодамнешниот семинар за спортски тренери и педагози што се одржа во просториите на гимназијата „Гоце Делчев“. Целта е насочена кон правилна работа на тренерите со спортистите и со тренажниот процес како и влијанието на тренерите во клубовите, а се со цел подобри спортски резултати. Едукативниот семинар со вкупно 85 учесници од Куманово, Велес, Кратово и Скопје беше во организација на Општинскиот сојуз на спортови од Куманово, а во соработка со Здружението на спортски педагози Куманово.

Свое излагање на една од четирите теми имаа едукаторите Александар Јовановиќ, Југослав Спасиќ, Филип Колевски и Слободан Стојчевски.

-Поради моето искуство во младински категории јас ја земав категоријата – Работа со млади категории (почетници), со оглед на тоа што бев долгогодишен тренер на ЖРК Куманово и работа со младински категории т.е почетници во градинката „Ангел Шајче“ како професор по физичко и здравствено образование за дечиња од предучилишна возраст. Цел ни беше да се соберат сите професори по физичко и здравствено образование, сите тренери на едно место, да размениме искуства, инаку стануваше збор и за дискусија после секоја тема, изјави Александар Јовановиќ, едукатор

За условите за работа во наставниот процес некогаш, односно пред 2010-та година и сега, 2020 –та, пред присутните говореше професорот Слободан Стојчевски.

Организаторите посочуваат дека важноста на локалните семинари е од посебно значење бидејќи со нив директно се вложува и се влијае на едукативниот дел од спортот.

Коментари

коментар(и)