Еколошка акција на локалитетот Студена вода

Екипи на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“  во соработка со Општина Куманово и здружението „Кумановски акцијаши “ денеска спроведоа еколошка акција на локалитет Студена вода во Доброшане. Активноста е по повод Денот на независноста, информираат надлежните.

-Таму има одредена количина на смет кој се расчистува, се врши косење, уредување на самиот терен. Тој локалитет е навистина интересно место за рекреација кој често е посетуван од страна на граѓаните  каде вршат спортски активности, возат велосипеди, мотори, бидејќи има и патеки . Акцијата е по повод утрешниот Ден на независноста , а воедно да ја искоритам приликата и на сите граѓани да им го честитам празникот 08 септември, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Акции за чистење и уредување на зелените површини ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период на повеќе локации во градот и населените места.

Коментари

коментар(и)