Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, со симболично предавање на европскиот клуч на младите, официјално ја отвори Европската куќа во Крива Паланка. На вчерашната свеченост на која присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски.
Европска куќа е простор каде младите ќе можат да се дружат, да учат, да се информираат и да ги споделуват свои ставови и размислувања, да дискутираат, да промовираат иновации и претприемачки иницијативи, да организираат разни културни настани, а во функција на промоција на европските вредности.