Жените рамо до рамо со колегите во армијата

Меѓународниот ден на жената -8 март е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржувале мировни собири. Како во голем број држави во светот, меѓународниот ден на жената се празнува и во нашата земја.   Дека жените можат да стојат рамо до рамо со мажите говори фактот што се повеќе се зголемува бројот на припадничките на понежниот пол вработени  во Армијата на Република Македонија. 24 годишната Александра Бошковска од Куманово веќе една година е командир на вод во Првиот  механизиран  пешадиски баталјон стациониран во касарната „Боро Менков“. Таа е само еден пример дека жените го менуваат стереотипот за армијата како машка професија. Љубовта кон униформата на армијата  била пресудна Бошковска да се запише на Воена академија во 2010-та година. -Кога сте дел од семејството на Армијата на Република Македонија, не постојат ниту привилегии ниту дискриминација – независно од полот, сите се рамноправни,  гордо истакнува нашата соговорничка.

– Пред се ми претставува особена чест и задоволство што сум припадник на Армијата на РМ и како припадник на женскиот пол добро сум прифатена од сите мои колеги и мои потчинети без некакви предрасуди . Според мене,  не постојат машки и женски професии, во нашиот случај униформата е таа која не прави еднакви, изјави потпоручник Александра Бошковска, командир на вод во 1 МПБ

Бошковска посочува дека жените можат без никакви проблеми да ги извршуваат обврските во армијата како и мажите, затоа апелира  да се зголеми бројот на жени во армијата.

Дека припадничките на Армијата на РМ навистина професионално и успешно  ги извршуваат своите работни задачи говорат податоците дека голем број од нив досега дале несебичен придонес кон глобалниот мир и безбедност, учествувајќи во контингентите на Армијата на Република Македонија кои се дел од меѓународните мировни мисии.

 

 

Коментари

коментар(и)