Женско лице од Матејче тешко повредено од струен удар

Од дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи ги издвојуваме следните настани:

Територијалната противпожарна единица Куманово регистрира три интервенции во текот на изминатото деноноќие. Пожарникарите освен што интервенирале на опожарен смет во Средорек и во населбата Перо Чичо, на улицата „11-ти Октомври“ бб испумпувале вода од подрум.
Регионалниот центар за управување со кризи вчера бил известен од бројот 112 за итни случаи дека во 11 часот и 30 минути во село Матејче, општина Липково женско лице било погодено од струен удар, по што е хоспитализирано во ЈЗУ Општа Болница Куманово во животно-загрозувачка состојба.