Жител на Липково преку Инстаграм се заканувал на поранешната сопруга

Жител на Липково доби кривична пријава под сомнение дека преку Инстаграм се заканувал на поранешната сопруга.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против 26 годишен жител на  Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, на осми февруари годинава пријавениот преку социјалната мрежа „инстаграм“ упатил закани кон неговата поранешна сопруга.

Коментари

коментар(и)