Петтото издание на детската ликовна колонија Пчиња 2026 во организација на хуманитарното здружение „Мајка” – Куманово, поддржана од Општината заврши денеска во туристичко- информативниот центар (поранешен задружен дом) во с.Пчиња. Посетителите на ликовниот камп имаа можност да ги разгледаат уметничките дела на тема: „Убавините на реката Пчиња и Бислимската Клисура”, изработени во разни ликовни техники.
Во активностите на колонијата учествуваа 22 ученици од 10 општински основни училишта, кои твореа под мернторство на своите наставници/ментори.
На завршната манифестација беа доделени награди и дипломи за првопласираните три места и благодарници за сите учесници на овогодинешната ликовна колонија.
Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.