Куманово деновиве беше домаќин на четиридневниот шаховски фестивал (29.05 – 01.06.2026 год.), кој се одржа во ресторанот Грација, во организација на ГШК Куманово, со поддршка на Општината.
На меѓународниот турнир учествуваа шахисти од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, Турција, Германија, Швајцарија, Полска и Шведска.
Фестивалот е организиран според рејтингот на FIDE – Интернационалната шаховска федерацијa. На најуспешните натпреварувачи ќе им бидат доделени пехари, медали и специјални награди.