Во сообраќајна несреќа денеска загина мотоциклист во Средорек.
Секторот за внатрешни работи соопшти дека денеска во 12:46 часот било пријавено дека на улицата „Доне Божинов” во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат”, управувано од 64-годишен кумановец и мотоцикл управуван од 49-годишшно лице.
Според СВР Куманово, во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.