Загина пешак во населбата „ Ајдучка чешма“

75 годишна кумановка  загина вчера попладне во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово -Свети Николе во населбата Ајдучка Чешма. Во неа удрил автомобил „голф“  со кумановски регистарски таблички управуван од 31 годишен кумановец . Според изјавите на очевидци , возачот иако се обидел да ја избегне трагедијата, сепак сообраќајката заврши со смртни последици. Здобиените повреди при падот на асфалтниот пат биле фатални за старицата.

-Видов дека момчето кочеше, а жената ја премина улицата. Но во еден момент таа повторно се врати на патот, и повторно возачот  се обиде да ја избегне но не успеа,  изјави Билјана Стојановска, очевидец

Жителите на оваа населба местото го нарекуваат црна точка бидејќи честопати се случуваат сообраќајни незгоди кои завршуваат или со тешки повреди или пак со смрт. Граѓаните бараат од возачите да ја почитуваат брзината на ограничување, а од полицијата почести патроли на регионалниот пат.

– Бараме да се постават лежечки полицајци  и да се почитуваат сообраќајните правила , изјави Билјана Стојановска, очевидец

Увид на местото на несреќата синоќа изврши екипа на СВР Куманово, која работи на расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)