Загина 26-годишен кумановец во сообраќајна несреќа

26 -годишен кумановец загина, а друго лице на возраст од 29 години е повредено во сообраќајна несреќа што се случи два и пол часа по полноќ, на улицата „Тоде Думба“ во поширокото централно градско подрачје, соопшти денеска СВР Куманово.

Автомобилот „пежо“ во кое се возеле двајцата, според полицијата,  удрило во ограда и паркирано возило.

На местото на несреќата починал помладиот кумановец, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопштија од СВР Куманово.

Кај другото момче од возилото докторите од кумановската болница констатирале телесни повреди. Екипа на СВР Куманово извршила увид и допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата.

Инаку, ова е втора жртва во сообраќајна несреќа на територијата на Куманово од почетокот на годинава. Минатата седмица, на осми јануари почина шеесет и четиригодишна жена од селото Луке, кривопаланечко, вчера откако била удрена од автомобил на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во близина на населбата Карпош. Според полицикиот билтен, возилото било управувано од 33 -годишен кумановец.

Според МВР, на подрачјето на СВР Куманово минатата година регистрирани се шест сообраќајни несреќи со шест загинати лица, додека во 2020-тата биле евидентирани седум сообраќајни несреќи со осум  жртви.

 

Коментари

коментар(и)