Започната е исплатата на средства на апликацијата „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од минатата година.
Според Управата за јавни приходи (УЈП) за последниот квартал од минатата година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526 123 корисници на апликацијата.
Од почетокот на исплатата реализирани се 184,5 милиони денари кон 104 000 корисници.
Од УЈП велат дека исплатата на средствата продолжува и како што се обработуваат налозите, така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на „Мој ДДВ“.
„Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата „Мој ДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на „Мој ДДВ’“, велат од Управата за јавни приходи.