Започна исплатата на средствата за ранливите категории

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Поддршката се однесува на : -корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, -корисниците на посебен додаток, -корисниците на правото на надоместок заради попреченост, -корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и -самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.