ВИДЕО: Фондацијата за култура и спорт со новогодишна културно уметничка програма
Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово организира новогодишна културно уметничка програма за сите генерации. Настаните кои ќе се одржат во просториите на Занаетчискиот дом се бесплатни. Годинава, исто како и претходните нема да има новогодишни концерти на плоштадот, но надлежните од фондацијата се оптимисти дека со културната програма ќе ги задоволат критериумите на кумановци.
-Почнувајќи од 14-ти декември ќе се случи промоција на книга на Силвија Краљевска во 18 часот во Занаетчиски дом. На 21 ви декември ќе е промоција на книга на Ана Аврамовска, поврзана со нашиот град. Во 19 часот во Занаетчиски дом. На 22-ри декември ќе се случи настан во просториите на Занаетчиски дом станува збор за јавен историски час кој ќе го води Сотир Костов. Сакам да напоменам и дека влезот е бесплатен и сите се добредојдени, особено помладите. На 23-ти декември почнува таа новогодишна еуфорија во однос на нашата програма. Дарко Тодоровски ќе ја отвори новогодишната програма со предновогодишен концерт од 19 часот-истакна Марио Арангеловски, в.д директор на Фондација за култура и спорт Куманово.
На 27-ми декември во 12 часот е планирано предновогодишен концерт во Занаетчискиот дом да одржат учениците од нижото музичко училиште „Панче Пешев“. Наредниот ден, односно на 28-ми декември со почеток во 19 часот, концерт ќе одржат и младите Бисерчиња. Одбележувањето ќе заврши на 29-ти декември со гостување на Театарот од Скопје со претставата „Каде е Рудолф“,наменета за деца од 4 до 12 години, од едукативен карактер.