Во Занаетчискиот дом во Куманово вчеравечер започна првиот фестивал на кинеската филмска продукција во Македонија.
Во своето обраќање пред присутните, амбасадорот на НР Кина во РС Македонија, Н.Е. Jiang Xiaoyan нагласи дека ваквите релации на културна размена и емоциите пренесени на филмското платно, секогаш ќе бидат мостови на пријателство и соработка, меѓу двата народа, кои имаат богата традиција и заземаат видно место во светската кинематографија.
Пред публиката се обрати и раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од Општина Куманово, Дејан Стојановски, прогласувајќи го фестивалот за отворен, со филмското оствaрување „Сонцето изгрева над сите нас” (Тhe sun rises on us all).
На наредните фестивалски вечери (7 и 8 октомври), ќе бидат прикажани филмските дела: Monster Hunt, When the night meets light, Monster Hunt 2 и Like a Rolling Stone.