Започна уписот во музичкото училиште „Панче Пешев“

Во нижото музичко училиште Панче Пешев, во тек е упис за прием на нови ученици во учебната 2016/2017 година.

Училишетето годинава има можност да запише 50 ученици кои ќе бидат распоредени за изучување на пијано, хармоника, виолина, гитара, кларинет, труба и пеење. На конкурсот може да се запишат ученици од 6 до 12 година возраст, а заинтересирани сите податоци може да ги добијат во училиштето.

Конкурсот за упис ќе трае до 9-ти септември.

Коментари

коментар(и)