„Во рамки на вториот владин повик, започнува реконструкција на ул. „Индустриска“, на потегот од ул. „11 Октомври“ до ул. „11 Ноември““, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Со проектот е предвидена целосна реконструкција на постојната руинирана асфалтна површина, која опфаќа:
-вадење на постојните рабници
-машински ископ на тампонскиот материјал со продлабочување
-поставување комплетно нов тампонски материјал и машинско нагмечување
-изградба на тротоарска конструкција
-поставување нови мали бетонски рабници
-изведба на нов асфалтен коловоз со носив слој од битуменизиран асфалт
-поставување нов завршен асфалтен слој
-надолжно и попречно одведување на површинските води со поставување сливници.
„Со реализација на овој проект значително ќе се подобрат безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура на овој важен патен правец во Куманово“, напиша Димитриевски.