Започнува сезоната на пожари

Со летните температури вообичаено се зголемуваат и интервенциите на противпожарната единица во Куманово.  Периодов имало неколку пожари од помали размери, за кои командирот Деан Илиевски вели дека се движат во рамките на нормалата.

-Имаме десетина интервенции на отворен простор но тоа  се од помал размер , 3-4 декари така што се уште не е зафатена онаа манија на палење што би рекле ние кога луѓето масовно палат, се работи за поголеми површини зафатени од пожар, меѓутоа сега настапува летото и летната горештина, очекуваме како и секоја година да има, а искрено се надеваме дека луѓето конечно ќе сфатат дека не смеат да палат на отворен простор, изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово

Илиевски апелира до граѓаните да се воздржуваат од палење оган на отворено, во спротивно ќе следуваат санкции.

– Законот е дециден во тие работи така што секое палење на отворен простор повлекува автоматски казна, меѓутоа нашиот народ не може тоа да го искорени, палење на стрништа, сува трева, диви депонии на отворено, искрено се надевам дека конечно ќе сфатат дека е и казниво и дека е штетно, изјави Илиевски

Како испомош на противпожарната единица кога се случуваат поголеми шумски пожари се вклучува и подрачното одделение за заштита и спасување, со републичките специјализирани единици, односно единица за спасување од пожари и тим за брза интервенција од пожари. Раководителот Драган Димковиќ смета дека покрај топлото време, човечкиот фактор, односно неговото невнимание при палење на стрништата е најголемата причина за настанување на пожарите. Особено е опасно кога станува збор за гаснење пожар на непристапни терени, вели Димковиќ.

-На непристапни терени ги вклучуваме нашите тимови и единици тие гаснат со напртњачи, таму не може на друг начин да се пријде, додека може човечкиот фактор да стигне до местото, доколку пак станува збор за уште понедостапни терени,човечкиот фактор кога не може да стигне, дирекцијата за заштита и спасување располага со три авиони за гаснење на пожар. Кога ќе не можеме да се справиме со тој пожар побарње на градоначалникот, ние бараме од дирекција за заштита и спасување да се ангажираат нашите летала за гаснење на пожарот , изјави Драган Димковиќ, раководител на Подрачно одделение  за заштита и спасување

Надлежните и покрај апелите за поголемо внимание при палење оган на отворен простор, сметаат дека како и претходните години, сезоната на пожарите допрва ќе започне

Коментари

коментар(и)