Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ вчера организираше заедничка акција со компанијата „Бучен Козјак “ во која беа засадени 70 нови садници на градскиот кеј. Претходните денови, комуналното претпријатие ги обележуваше јавните прометни површини. Повторно се обележани пешачките премини на булеварот „ Трета МУБ“, како и на улиците „Благој Богдански Гуцман“ и „Лесковачка“, а активностите ќе продолжат и наредниот период. Освен тоа, се отстрануваат сувите, но и гранките што пречат на сообраќајот на улицата „11 Октомври“.