За една година 156 претставки кај народниот правобранител

156 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово лани поднеле кумановци и граѓаните од другите општини од североистокот. Бројот на поднесените претставки е поголем во однос на 2021 кога граѓаните поднеле 124 претставки.

Најголем број од претставките се од областа правосудство-извршители, казнено поправна установа и граѓански состојби, државјанства. Кумановци и жителите на Липково поднеле многу повеќе претставки во однос на жителите на останатите помали општини.